Не е лесно да си принцеза: 10 строги правила по кои мора да живеат
- Детали
- четврток, 05 јануари 2017
Животот во кралските палати не е лесен, туку полн со протоколи и формалности, а принцезите, покрај привилегиите кои ги имаат, мораат да се откажат од одредени работи.
Така, животот на војвотката Кејт Мидлтон потполно се промени откако пред речиси 6 години стана член на британското кралско семејство.
10 строги правила до кои принцезите во секој момент мораат да се придржуваат:
1. Учење на што е можно повеќе јазици
Современите принцези мораат да знаат што е можно повеќе странски јазици за кога ќе одат на посета на дипломатите од странските земји, да можат да зборуваат на нивниот мајчин јазик.
2. Откажување од правото за гласање
Барем така е во Велика Британија. Иако за тоа не постои службен закон, жителите на оваа држава сметаат дека кралското семејство не треба да учествува во изборите, бидејќи ја претставува целата земја.
3. Откажување од својата „дива“ страна
Жената која ќе стане принцеза најверојатно не е некој тип на бунтовничка, но ако имала своја дива страна, ќе мора целосно да се откаже од неа кога ќе влезе во кралското семејство.
4. Подготвеност на живот полн со формалности
Прекарите не се дозволени во кралската палата, па принцезите мораат да се навикнат дека постојано ќе бидат именувани како „Нејзиното кралско височество принцезата...“.
5. Секогаш беспрекорен изглед
Врвните стилисти најмалку трипати неделно ја фенираат Кејт Мидлтон и таа редовно мора да ја негува својата коса. Кејт речиси е невозможно да ја видите во јавноста несредена, туку таа е идеален пример за совршено дотерана принцеза.
6. Живот во семејство во кое се следат правилата на кралицата
Кралицата поставува мноштво на мали правила кои го одредуваат секојдневниот живот на кралското семејство. На пример, правило е дека вечерата не завршува додека кралицата не заврши со јадење.
7. Присуство во најдобрите училишта и на најпрестижните социјални настани
За жената да стане принцеза, таа мора да го запознае принцот, а најголема е веројатноста дека тоа ќе се случи на некои од престижните институции за високо образование, на гала вечерите, баловите и хуманитарните настани. За принцезата е важно и да има што е можно повисоко образование затоа што таа има важно место во општеството.
8. Откажување од било каква кариера
Да се биде принцеза е „професија“ со полно работно време и така треба да остане. Дури иако принцезата се образувала во најпрестижните образовни установи и стекнала многу дипломи, таа мора да се откаже од желбата да гради своја кариера. Кејт Мидлтон има дипломирано Историја на уметност, ама со тоа не се занимава во животот.
9. Не смее да биде член на било каква политичка организација
Принцезата никогаш не смее да се кандидира за никаква политичка позиција од слични причини поради кои и не смее да гласа.
10. Хуманитарни активности
Голем дел од своето време принцезата мора да го помине во хуманитарни акции, бидејќи за земјата таа претставува симбол на грижлива мајчина фигура.
Н. Г. | Црнобело