Британка упорно објавува провокативни фотки од Трамп, иако има шанси да биде тужена
- Детали
- понеделник, 12 декември 2016
Алисон Џексон користи двојници за да направи провокативни фотки од славните, а во најновиот фото-серијал, главна ѕвезда е двојникот на Доналд Трамп.
Таа смета дека ниту еден артист не треба да биде спречен во начинот на кој ја изразува својата уметност.
„Не сакам да престанам да го правам ова. Не сакам да мислам дека било кој уметник или сатирист, или било кој кој сака да објави нешто, неговата слобода на изразување треба да биде спречена.“
Џексон има веќе објавена книга, Private, од крајот на октомври.
Со оваа идеја започнала во 1990-тите, кога креирала фотки со двојници на принцезата Дијана.
Сега, „муза“ е идниот претседател на САД, Доналд Трамп.
„Зарем не е тоа работата на уметниците и сатиристите, да бараат и поставуваат прашања врзани за славните личности?“ вели без страв.
Дел од фотките кои го исмеваат идниот претседател на САД:
М. Д. | Црнобело