Зошто постои апликација за слабеење и шминкање на деца?!

Денес постои апликација за телефоните која може да направи лицето на децата да изгледа послабо, а со тоа и „поубаво и позгодно“.

se-mozete-da-najdete-denes-aplikacija-za-deca-pravi-da-izgledaat-poslabi-01_copy.jpg

Апликацијата, како што е очекувано, веднаш беше критикувана и дефинирана како вознемирувачка.

Апликацијата „Slim Booth“ им дава можност на младите да го променат обликот на своите очи, уши и брада за да изгледаат послабо или како своите омилени славни личности.

se-mozete-da-najdete-denes-aplikacija-za-deca-pravi-da-izgledaat-poslabi-1.jpg

Креаторите дури и ја појаснуваат својата апликација преку пример со мало русокосо девојче кога ќе се вклучите на iTunes и тврдат дека можат да ја употребуваат и деца кои се веќе над 4 години.

se-mozete-da-najdete-denes-aplikacija-za-deca-pravi-da-izgledaat-poslabi-2.jpg

Понатаму продолжуваат:

„Дали сте љубопитни зошто некои славни имаат брада во облик на буквата V или поголеми очи од претходно?

Дали се прашувате дали и вие би изгледале поубави и позгодни, ако имате послабо лице и поголеми очи? Што е со вашите соученици?

Нема потреба од пластични операции, апликацијата ќе ви заштеди пари и време!“.

se-mozete-da-najdete-denes-aplikacija-za-deca-pravi-da-izgledaat-poslabi-3.jpg

Добротворните организации кои се борат против нарушувањата во исхраната како булимијата и анорексијата, веднаш реагираа:

„Децата почнуваат да се грижат за својот изглед уште на седум години, а токму на оваа возраст се бомбардираат со таканаречени „идеални“ нереални слики.

se-mozete-da-najdete-denes-aplikacija-za-deca-pravi-da-izgledaat-poslabi-4.jpg

Ваквата апликација придонесува во креирање на анксиозност и намалување на самодовербата кои можат да доведат до појава и на нарушување во исхраната.

Децата треба да бидат учени да го прифаќаат сопствениот изглед и да ги слават своите потенцијали и способности.

Оваа апликација може само да наштети“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Има два клима уреди во секоја училница - Како изгледаат кинеските државни училишта? Воодушевена од изгледот на кинеските училишта, жена - доселеничка во Шангај, спо...
Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија? Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на го...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
„Не заслужувате да сте родители“ - Брачен пар ги оставил децата во кабина на крузер за да одат сами ... „На сличен начин беше киднапирана Медлин МекКен пред неколку години, а денес све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg