Њујорк ќе биде поплавен?
- Детали
- вторник, 30 март 2010
Делата кои се изложени во Музејот на современа уметност во Њујорк, сакаат да укажат на неизбежниот проблем на растот на нивото на морето...
...кој би можел да има се уште несогледиви последици врз архитектурата на градот.
Изложбата со наслов Projects for New York’s Waterfront го прикажува изгледот на Големото Јаболко за некои 70 години.
Изложбата е плод на двегодишно истражување на Guy Nordenson во соработка со архитектите Catherine Seavitt и Adam Yarinsky кои го замислиле новиот “зелен“ Њујорк.
Порастот на нивото на морето може да доведе до потопување на цели квартови заради што се нудат креативни решеника како разни плочници и станбени згради кои “висат“ над морето.