Официјалниот фотограф од Белата куќа ги открива неговите омилени фотографии од Обама
- Детали
- петок, 11 ноември 2016
Пит Суза, официјалниот фотограф на Белата куќа, досега има направено околу 2 милиони фотографии од поранешниот претседател на САД, Барак Обама.
Тој го фотографирал Обама во речиси секакви ситуации – од релаксирање и дружење со семејството, до сериозни ситуации каде се носат големи одлуки.
На фотографиите можете да видите многу интересни секојдневни ситуации или средби со поранешни претседатели, a на повеќето од нив ќе забележите дека има романтични моменти со Мишел или дружење и забавување со деца.
Пит во едно интервју изјавил: „Мислам дека оваа администрација ќе биде запаметена во историјата – тој ќе биде запаметен како одличен претседател. А, самото тоа да се биде таму, да се гледаат сите тие моменти од толку близу низ фотоапаратот, беше извонредна и незаборавна можност.“
Погледнете ги 55-те фотографии од Обама кои фотографот на Белата куќа ги издвоил како омилени:
М. М. | Црнобело