Трагедија на свадба (видео)
- Детали
- среда, 24 март 2010
Една руска венчавка завршила трагично кога во текот на вечерта еден од гостите сериозно се повредил пред шокираните младенци.
Имено, гостинот наздравувал и на шега се преправал дека игра руски рулет со пиштол за кој мислел дека е потполно празен.
Но, кога го подал пиштолот на другите гости, се случила катастрофа. Еден гостин пукнал, а гумениот куршум му експлодирал во главата.
ТВ репортажата ја покажала хаотичната сцена во моментот кога мажот пукнал и паднал на земја, додека некој извикал “Дали сте луди?“
Човекот претрпел оштетување на мозокот и парализа. Гостинот кој го донел пиштолот на венчавката е уапсен. Тој изјавил дека само сакал да го изведе својот трик на венчавката, а што се случило е страшно.
Ете како буквално настанува “Од играчка плачка!“