„Бев во 9-тиот месец од бременоста кога дознав дека имам ХИВ – син ми и сопругот не се заразени“

Млада мајка од Англија дознала дека има ХИВ додека била бремена. Иако на почетокот била убедена дека дијагнозата е „смртна казна“ за неа и нејзиното неродено бебе, денес медицината е напредната до тој степен, што ни бебето, но ни нејзиниот сопруг не се заразени. Сега таа е на мисија да се бори против стигмата за болеста и да докаже дека и луѓето со ХИВ можат да имаат најнормален и среќен живот.

bev-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-koga-doznav-deka-imam-hiv-sin-mi-i-soprugot-ne-se-zarazeni-01.jpg

Викторија Роскоу од Англија била во деветтиот месец од бременоста кога дознала дека има ХИВ. Интересно е што нејзиното синче се родило негативно, а ни нејзиниот сопруг – Бред – не е заразен со вирусот.

Сето ова е благодарение на антиретровирусната терапија што ја примала во текот на бременоста.

Свесна за стигмата која постои за оваа болест, 29-годишната Викторија одлучила да ја сподели својата приказна.

Кога ја добила дијагнозата, Викторија вели дека животот целосно ѝ се променил.

„Првото нешто што помислив беше: ’Ќе умрам‘. Бев сигурна дека дијагнозата е смртна казна. Дека или ќе треба да абортирам, или дека син ми ќе се роди со ХИВ.

Мислев дека останува само смрт за нас двајцата. Се сеќавам дека плачев и плачев“.

bev-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-koga-doznav-deka-imam-hiv-sin-mi-i-soprugot-ne-se-zarazeni--7.jpg

Викторија го раскажува и моментот кога дознала за дијагнозата.

„Бевме пресреќни што ќе имаме бебе. Сè изгледаше во најдобар ред. Но, кога бевме на преглед, една докторка ме однесе во посебна соба. Ми рече дека имам ХИВ.

Ме прашаа дали може да му кажат на сопругот и јас ѝ реков ’Да. Кажете му го истото што ми го кажавте мене‘. Сопругот ме фати за рака и ми рече: ’Те сакам. Заедно сме во ова‘.

Но, и двајцата бевме потполно шокирани. Се прашувавме  дали и тој е позитивен, дали тој ме заразил, дали јас сум го заразила, од каде потекнува вирусот…“

bev-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-koga-doznav-deka-imam-hiv-sin-mi-i-soprugot-ne-se-zarazeni--02.jpg

Овој период Викторија почнала да снима кратки ТикТок видеа во кои зборува за нејзината битка и кои денес имаат милиони прегледи.

„Видеата станаа вирални. Не знаев ниту една жена со ХИВ пред да почнам да ги снимам, па сакав да се борам против стереотипите за здравствена состојба со која можете да се справите“.

Таа пробувала да даде одговор и на најчесто поставуваните прашања од нејзините следбеници.

Во видеата, Викторија истакнува дека синот дефинитивно е на сопругот, како и дека не се заразил со вирусот благодарение на антиретровирусната терапија што ја примала за време на бременоста.

bev-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-koga-doznav-deka-imam-hiv-sin-mi-i-soprugot-ne-se-zarazeni--05.jpg

Таа открива и дека знае од кого се заразила.

„Ова е прашањето што најчесто ми го поставуваат. Кога бев дијагностицирана, лекарите ми рекоа дека најверојатно сум се заразила изминатите неколку години.

Најверојатно од врска пред да го запознаам сопругот бидејќи тој го нема вирусот. Знам кој е. Имав само еден партнер во тој период. Бевме во врска и имавме незаштитен секс. Но, не знам како тој се заразил“.

Викторија истакнува дека бившиот партнер сигурно не знаел дека е позитивен и несвесно ја заразил. Па, кога таа ја добила дијагнозата, го известила и него.

bev-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-koga-doznav-deka-imam-hiv-sin-mi-i-soprugot-ne-se-zarazeni--03.jpg

По дијагнозата, на Викторија ѝ биле направени низа други тестови, а вели дека се чувствувало ужасно поради стигмата која постои околу болеста.

„Првата помисла ми беше дека сум валкана или дека сум личност која не вреди ништо, и генерално ова е стигмата која до денес владее за болеста“.

Иако уште не постои лек за ХИВ, Викторија вели дека медицината е доволно напредната за да се контролира болеста до тој степен, што се спречува и пренесувањето.

Таа веднаш почнала да ја прима терапијата и бременоста поминала без проблеми.

„Во текот на бременоста, лекарите ми велеа дека терапијата функционира и дека нема ризик за бебето“.

bev-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-koga-doznav-deka-imam-hiv-sin-mi-i-soprugot-ne-se-zarazeni--06.jpg

Таа се присетува и на моментот кога се породила и лекарите ѝ соопштиле дека нејзиниот син е негативен.

„Бев со анестезиологот. Лекарите го зедоа син ми и потоа ми ги кажаа убавите вести. Постојано ми велеа дека ќе биде во ред, но кога ја слушнав дијагнозата, бев многу емотивна“.

Како превентивна мерка, и нејзиното синче примало терапија и денес е во одлична форма. Но, Викторија вели дека чувствувала вина, мислејќи дека го загрозува животот на нејзиното бебе.

„Кога се роди, бев преплавена со емоции. Не можев да се помирам со фактот дека мора да прима терапија поради мене.

Ако јас немав ХИВ, немаше да му треба терапијата и ми требаше време да се справам со тоа. Син ми е негативен, но сепак има мајка со ХИВ. Како ли тој ќе се чувства во врска со тоа?“

bev-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-koga-doznav-deka-imam-hiv-sin-mi-i-soprugot-ne-se-zarazeni--04.jpg

Лекарите ѝ кажале на Викторија дека не претставува ризик за сопругот или син ѝ, па со партнерот размислуваат и за уште едно бебе.

Сега Викторија е на мисија да се бори против стереотипите за болните од ХИВ.

„Кога ќе им кажам на луѓето дека имам ХИВ, ми велат: ’Но изгледаш многу здрава‘. Им велам благодарам, тоа е бидејќи сум здрава. Полесно е да ја контролираш мојата болест отколку дијабетесот.

Уште постои заблуда дека ова е вирус со кој најчесто се заразуваат геј мажи. Но, кога ќе ја погледнете статистиката за вирусот, ќе сфатите дека е исто распространет и кај хетеросексуални, и кај геј мажи. Хив вирусот не дискриминира, тоа го прават луѓето“.

Викторија вели дека таа е како и секоја друга млада мајка. Среќна е и исполнета, а вели дека ужива во секој миг со своето синче.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg