Како еден гламурозен Инстаграм профил успеа да прелаже 50.000 луѓе?
- Детали
- среда, 05 октомври 2016
Неодамна на Инстаграм се појави профил од 25-годишна Французинка за која многумина помислија дека е модел. Нејзиниот профил за краток период доби над 50.000 следбеници.
Благодарение на гламурозните фотографии кои се типични за повеќето познати инстаграмџии, луѓето брзо реагираа со лајкови и коментари на фотографиите на убавиот модел.
Но, никој од нив не знаел дека Инстаграм профилот на Луиза Деланџ бил лажен.
Ако погледнете подобро на нејзините фотографии ќе забележите една многу важна работа...
Без разлика на тоа дали е чаша бело вино или коктел на плажа, на секоја фотографија има алкохол.
На една од фотографиите можете да забележите и како цело едно шише се гледа од нејзината торба за пазарење.
Инаку профилот навистина е направен од 25-годишниот модел, госпоѓицата Деланж, но со посебно важна цел, да се подигне свеста за алкохолизмот кај младите луѓе.
Како дел од компанијата и кампањата Like My Addiction, таа на паметен начин допира до темата пиење меѓу младите луѓе и да привлече внимание на фактот дека алкохолизмот може многу лесно да се пропушти.
Откако веќе стана јасно за што станува збор, нејзиниот профил веќе собра над 350.000 кликања.
Но, дотогаш, никој воопшто не успеа да претпостави дека профилот претставува итар начин да се рекламира кампањата.
„Понекогаш, денес, на социјалните мрежи луѓето прикажуваат така идеален живот, а зад него се крие не толку идеална реалност“ - вели директорката на кампањата, Стефани Зиберас.
Кампањата беше пофалена за паметниот начин на кој успеа да испрати порака која има за цел да нè „отрезни“.
Н. Г. | Црнобело