Зошто мажите почнаа да лакираат еден нокт со црвена боја?
- Детали
- среда, 05 октомври 2016
Овој месец октомври можете да забележите мажи со еден излакиран нокт во црвена боја, а за тоа постои многу добра причина.
Австралиската непрофитна организација YGAP креираше социјална кампања која има за цел да ја зголеми свесноста за насилството врз децата.
Кампањата е именувана како „Polished Man“, а оваа година се одржува веќе третпат по ред и има за цел да собере пари за да се помогне на едно од пет деца кои страдаат од физичко или сексуално насилство пред да наполнат 18 години.
Во кампањата земаа учество и познати лица како Крис Хемсворт.
Инаку, Елиот Костело, директорот на организацијата, ја започнал кампањата откако се запознал со млада девојка по име Теа, која била жртва на физичко и сексуално насилство. Тогаш добил идеја за боење на ноктите, откако самата Теа, во една ситуација му ги излакирала ноктите.
„Моќта да се сопре овој феномен е во ваши раце“ - пишува Костело на неговата интернет страна.
„Започнува со лакирање на еден нокт.
Тој нокт води до разговор.
Разговорот инспирира донација.
Донацијата овозможува превенција и заштита.„ - додава.
Досега, кампањата има добиено $257.000 долари од донации.
Н. Г. | Црнобело