Пар кој оставил сè зад себе, сега заработува заради најубавите фотки на Инстаграм
- Детали
- четврток, 25 август 2016
Заминувате на пат, рано наутро - пешки, низ кал и магла. На крајот ве чекаат илјадници луѓе собрани на едно место, уште рано наутро пред изгревот на сонцето...
Добредојдовте на „La Batalla Del Vino“, шпанскиот фестивал каде се истураат повеќе од 50.000 литри црвено вино над масата.
Нешто како возрасна верзија на прскање со вода.
Токму тоа е доволно да ја натера двојка од Австралија, Бјанка Бруншвилер и Брет Свиден, да допатуваат до Шпанија.
Танцување, пливање, уживање...
Нови искуства кои секојдневно ги доживуваат и ги објавуваат на својот Инстаграм профил заради кој сега и заработуваат од спонзори.
Нивните фотографии на интернет се можеби најубавото нешто што можете да го видите, а секако и да ве натера да им завидувате затоа што ги напуштиле своите здодевни работни места и решиле да пропатуваат низ целиот свет.
Места кои досега ги посетиле се: Лондон, Бугарија, Хрватска, Чепка, Данска, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Швајцарија, Турција, Египет, Мароко, Белизе, Куба, Гватемала, Хондурас и Мексико.
Најубавите фотки на Инстаграм:
Н. Г. | Црнобело