„Се плашев вода да се напијам“ - Поранешна Вог ѕвезда ја обвинува модната индустрија за нејзината анорексија

Кејли Чабот од Канада, поранешна Вог ѕвезда, имала само 15 години кога потпишала договор со агенцијата „Ford Models“ - реномирана агенција за модели која има откриено супермодели како Кристи Тарлингтон, Кристи Бринкли и Наоми Кемпбел.

poraneshna-bog-dzvezda-ja-obvinuva-modnata-industrija-za-nejzinata-anoreksija-01.jpg

Младата Чабот честопати завршувала на корицата на реномираното модно списание Вог, но она што навидум изгледа како гламурозен живот, всушност зад себе крие нешто многу далеку од гламур.

poraneshna-bog-dzvezda-ja-obvinuva-modnata-industrija-za-nejzinata-anoreksija-1.jpg

Денес, Чабот ја обвинува модната индустрија за анорексијата против која сè уште се бори.

poraneshna-bog-dzvezda-ja-obvinuva-modnata-industrija-za-nejzinata-anoreksija-4.jpg

Таа вели дека постојано мислела дека е дебелеа, па токму заради тоа, започнала да вежба по 5 часа дневно и да внесува само 500 калории.

„Се плашев да се напијам вода или било што да јадам“ - вели таа.

poraneshna-bog-dzvezda-ja-obvinuva-modnata-industrija-za-nejzinata-anoreksija-2.jpg

„Бев возбудена кога првпат открив дека ќе одам за Њујорк, но кога пристигнав таму ми рекоа дека колковите ми се многу широки. Ми беа 95 сантиметри, а требаше да бидат 5 сантиметри помали“ - ја започнува својата приказна Чабот.

poraneshna-bog-dzvezda-ja-obvinuva-modnata-industrija-za-nejzinata-anoreksija-3.jpg

Така започнала нејзината анорексија заради која почнала дури и косата да ѝ паѓа.

„Морав на мајка ми да ѝ се јавам да ме собере од училиште. Бев преслаба сама да се вратам дома“ - додава.

Достигнала тежина заради која ѝ се појавила и депресија. На само 15 години веќе размислувала за самоубиство, но тогаш решила се да ѝ признае на својата мајка.

Но, не се ослободила од болеста така лесно.

poraneshna-bog-dzvezda-ja-obvinuva-modnata-industrija-za-nejzinata-anoreksija-5.jpg

„Одев на снимање. Кончено ми рекоа да се облечам во бикини, парчето облека од кое најмногу се плашев, бидејќи сè уште мислев дека сум дебела. Но, ми рекоа дека изгледам одлично“ - објаснува Чабот.

poraneshna-bog-dzvezda-ja-obvinuva-modnata-industrija-za-nejzinata-anoreksija-8.jpg

„Токму тоа, како дрога, ме натера да лажам дека јадам и така завршив со булимија“ - продолжува.

Само тогаш кога била болна и преслаба, агенцијата била задоволна со нејзиниот изглед.

poraneshna-bog-dzvezda-ja-obvinuva-modnata-industrija-za-nejzinata-anoreksija-9.jpg

Но, приказната има среќен крај.

poraneshna-bog-dzvezda-ja-obvinuva-modnata-industrija-za-nejzinata-anoreksija-7.jpg

Конечно, со последното шоу во Париз, решила да замине за Канада и никогаш повторно не се вратила на модната писта.

Сега, после 2 години борба со оваа болест, конечно е среќна и задоволна.

poraneshna-bog-dzvezda-ja-obvinuva-modnata-industrija-za-nejzinata-anoreksija-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg