Девојка за првпат во животот облекува бикини откако изгубила 95 килограми
- Детали
- среда, 17 август 2016
Една учителка од основно училиште за првпат во нејзиниот живот облекла бикини откако изгубила 95 килограми и ѝ била отстранета 5 килограми вишок кожа.
29-годишната Малори Бутнер од Онтарио, Канада пред две години започнала со низата операции за скратување на желудникот и отстранување на вишокот сало откако нејзината тежина достигнала 181 килограм.
Ова лето, нејзината трансформација била комплетна откако ѝ била отстранета и вишокот кожа на неа.
Бидејќи никогаш претходно не облекла бикини, ниту додека е дома, таа се почестила со 5 нови парчиња кои гордо ги покажува.
Тежината на Малори ѝ претставувала проблем целиот нејзин живот. Кога имала само 10 години таа веќе тежела 90 килограми. Кога наполнила 18 години тежината достигнала 129 килограми.
Кога дипломирала на 20 години, нејзината тежина достигнала 166 килограми.
„Отсекогаш сум била голема. Со сестра ми јадеме иста количина на храна, ама јас сум преголема, а таа има нормална тежина. Уште кога имав 8 години пробав диети, но не успеваа“ - вели Малори.
„Во средно веќе се откажав и пиев многу ледени кафиња и јадев нездрава храна“ - додава.
Конечно, решила да побара помош која не поминала без компликации. На крајот, таа дури и го загубила својот вереник.
Но, за првпат во својот живот таа е среќна и исполнета.
Н. Г. | Црнобело