Девојче со ампутирани раце и нозе добило кукла иста како неа, за да не се чувствува осамено
- Детали
- вторник, 16 август 2016
Хармони-Роуз Ајви Ален од Бат, Велика Британија, имала само 11 месеци кога нејзините родители откриле дека има менингитис тип Б, заради кој нејзините раце и нозе морале да бидат ампутирани.
Сега, барем малку да се чувствува нормално додека расте и созрева, па и да има „пријателче“ со кое ќе може да се соживува, добила кукла која лични на неа.
„Мамо иста е како мене“ - била првата реакција на девојчето кога ја видело куклата која е направена без раце и нозе.
Куклата е направена од страна на компанијата „A Step Ahead Prosthetics“ која прави специјално дизајнирани кукли кои родителите на деца со ампутација ги испраќаат, без да им бара пари.
Н. Г. | Црнобело