Љубовта нема граници: Невеста успеала да стане од количката и да отиде до олтарот
- Детали
- вторник, 16 август 2016
Некои приказни едноставно ни ја враќаат вербата во љубовта и ни ги полнат очите со солзи, а оваа е една од нив.
Џеки и Енди се она што се нарекува совршен пар, а фотките од нивната свадба го докажуваат токму тоа.
Голем дел од нормалните физички активности се вистински предизвик за Џеки, па поради тоа таа користи количка, но на денот на нејзината свадба решила да ги изненади гостите и сопругот.
По долги часови поминати во вежбалница и физикална терапија, таа успеала да стане од количката и да отиде до олтарот, каде што нејзиниот партнер Енди одвај успева да ги запре солзите од среќа.
Нејзината мајка ангажирала сликар за да ја долови магијата на првиот танц на вљубените, а Џеки успеала да танцува и со нејзината мајка и дедо.
Погледнете ги прекрасните фотки на парот кој ја заокружи својата приказна со среќен крај:
(О)Милена | Црнобело