Сопругата го изгубила пасошот, па мажот решил сам да замине на меден месец во Италија
- Детали
- четврток, 11 август 2016
Сопругата на Фаизан Пател го изгубила својот пасош, само неколку дена пред нивниот меден месец, па тој решил сам да замине на патувањето.
Патувањето за Италија веќе било уплатено, па тазе сопругот решил да не се откаже од авантурите и да се прошета без својата сопруга.
Но, штом не можел да ужива на одморот со својата сопруга, тој решил да прошета фотографија од нејзиното лице со себе и да се фотографира со неа.
Неговите Твитер објави за краток период станаа вирална сензација која ја видела дури и министерката за надворешни работи на Индија и решила по брза постапка да ѝ даде пасош и виза на сопругата на Пател за да можат заедно да уживаат.
Наскоро, таа ќе му се приклучи на патувањето, а дотогаш, да се насмееме на фотографиите на Пател, со лицето на неговата сопруга:
Н. Г. | Црнобело