Појави се ако прочиташ: Дечко се заљубил во непозната девојка на Егзит и сега пробува да ја најде
- Детали
- среда, 13 јули 2016
На Фејсбук има нова потрага, и тоа по девојка која била на Егзит и запознала дечко, но не оставила никаков контакт за понатаму.
Дечкото, упорен, сега се обидува да ја најде преку Фејсбук.
Неговиот пост гласи:
„Ако го видиш ова и се сеќаваш, те молам пријави се. Девојка 1.74-75, носеше маслинеста маица на прерамки, црн кожен ранец, очила, имаше кратка кафеава коса, игравме заедно на денс арената во 6 часот наутро, на почетокот ми понуди пиво. Тоа е сè на што се сеќавам. Можеби ја изгубив душата, телефонот и секој денар на тој Егзит, 5 килограми заради кои мајка ми не ме позна, но доволен е еден момент, поглед, допир за да ти се промени целото доживување на 5 пати подобро. Надежта умира последна, нема да се смирам додека не те најдам.“
М. Д. | Црнобело