Кој сака да го освои светот?
- Детали
- вторник, 23 февруари 2010
Знаевте ли дека историски гледано, лотариите настанале како начин на кој древните кралства собирале средства за своите големи проекти?
Кинескиот ѕид е само еден од многуте примери.
Наскоро неколку проактивни младинци од Виена ќе започнат една лотарија која со својот профит ќе го финансира Земјиниот најголем проект – одржливиот развој.
Секако, оваа лотарија ќе може да се игра на глобално ниво така што можеме да очекуваме и интересни премии.
“Да, ќе успее!” - вели 24 годишниот Александру Рагалие, кој ја доби идејата за wintheplanet.com додека присуствувал на семинар за драстичните промени кои влијаат на нашата планета.
Во моментов имплементираме еден иновативен бизнис модел за кој повеќето луѓе само зборуваат - бизнис кој ќе се води на еден одржлив начин, вклучувајќи ги сите учесници во идејата за придонес кон нашата средина. Ерата на корпорациите кои се создаваат за немилосрдно создавање на профит доаѓа до својот крај.
Со купување на “ливче”, секој учесник наместо да ги даде своите пари на непознати акционери, може да одбере кој проект ќе го финансира и преку тоа освен што ќе може да добие голема сума пари, ќе придонесе и за подобар развој на нашата планета.
Ливчињата ке се продаваат online, а влечењето ќе се користи со генератор на случајни бројки кој ја користи атмосферската бучава за да ги генерира победничките бројки. Колку и да звучи иронично - планетата ќе реши за среќниот добитник!
"Знаеме дека овој концепт може да има големо позитивно влијание и потребна ни е вашата помош да го претвориме во реалност" вели Александру, кој се надева дека првите лозови ќе се продадат до крајот на годинава.
Повеќе информации на http://www.wintheplanet.com/