Баба претепала ајкула?
- Детали
- понеделник, 15 февруари 2010
60 - годишната Педи Трамбул претрпела длабоки гризови и рани, како и големо количество на губење на крв во инцидентот кој се случил близу...
... отокот Whitsunday, во Австралија.
Докторите изјавиле дека таа е многу среќна жена, штом успеала да преживее толку сериозен напад. Во изјавата за медиумите, Педи навела како таа заедно со својот маж и останатите туристи нуркала кога наеднаш здогледала ајкулапред неа:"Се свртев и здогледав огромна ајкула. Помислив како само нема лесно да се предадам и почнав да ја удирам со цела своја сила".
Животното беше долго повеќе од 1,5 метри, и иако се здобила со сериозни рани, таа тврди дека на почетокот не чувствувала бол. Педи веднаш беше префрлена на брод каде и е пружена прва помош, по што со авион е пренесена во болница.
"Проценуваме дека таа има изгубено околу 40% од вкупниот волумен на крв. Таа има голема среќа што останала жива", изјавил хирургот на Педи.