Глувиот танчар победи во „Танц со ѕвездите“ - Кој е вашиот изговор за неуспех?

Ако некогаш се чувствувате дека нема да успеете само заради некои ваши карактеристики кои ги сметате за пречки во вашето постоење, тогаш дозволете инспиративната приказна на момчето кое е потполно глуво, а го освојува светот, да допре до вашето срце.

gluv-tancar-pobedi-vo-tanc-so-dzvezdite-koj-e-vasiot-izgovor-za-neuspeh-01.jpg

Иако многумина предвидуваа дека неговата пречка да ја слушне музиката, бргу ќе го исфрли од танцовиот подиумот, сепак Најл ДиМарко со огромна помош на неговата партнерка, инаку професионалната танчарка Пета Мургатројд, успеа да ги освои срцата на гледачите и судиите за да на крај го освои трофеојт на оваа спектакуларна сезона на американското шоу, танц со ѕвездите.

Од недела во недела Најл покажуваше бестрашност, покажуваше посветеност, дури и играше со превез на очите, но најважно од сѐ покажуваше дека кога човек ќе намисли и ќе посака да оствари нешто, тогаш ништо на овој свет не може да го запре.

gluv-tancar-pobedi-vo-tanc-so-dzvezdite-koj-e-vasiot-izgovor-za-neuspeh-03.jpg

Тој исто така ја побуди свеста за тоа колку е важно да ги почитуваме луѓето кои се различни од нас, а беше вистински амбасадор на сите луѓе кои имаат проблеми со слухот или потполно го изгубиле слухот, инспирирајќи и мотивирајќи со секое негово појавување.

Она што е фасцинантно е фактот дека сите членови на неговата фамилија се глуви уште од нивното раѓање, но сепак кога го прашаа во едно интервју дали би го променил тоа, тој решително изговори „Дури и да можев да бирам, повторно би избрал да бидам глув”.

gluv-tancar-pobedi-vo-tanc-so-dzvezdite-koj-e-vasiot-izgovor-za-neuspeh-02.jpg

Неговото појавување во оваа сезона ќе биде запаметено по феноменалните танци кои ги прикажа и можеби како што велат многумина технички не беше најдобриот танчар, но сепак секое негово појавување на сцената имаше посебна искра која го задржуваше сечие внимание и носеше посебна топлина пропратена со солзи во сечија душа.

Ако се уште се прашувате дали можете да успеете во животот, погледнете ги феноменалните настапи на ова младо момче кое најпрво беше победник во шоуто „Американски топ модел”, а сега го освојува и „Танц со ѕвездите”.

Кој е вашиот изговор за неуспех?

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Заедно имаат 861 година, секој ден јадат ист оброк – Кое е најдолговечното семејство во светот? Италијанското семејство Мелис го сочинуваат девет браќа и сестри кои заедно имаа...
Потресни сведоштва за ураганот Милтон во Флорида: „Кога ќе се вратам дома – се ќе биде уништено“ „Од претходниот ураган месецов, изгубив скоро сè, вклучувајќи го и мојот автомоб...
Откорнати покриви, милиони луѓе без струја - Застрашувачки видеа од ураганот Милтон во Флорида Петти пат годинава, САД се соочува со ураган. Милтон ја погоди Флорида која пред...
„Ќе биде храбра како мене“: Девојче (7) кое го победило ракот со емотивна порака до Кејт Мидлтон „Ќе се избори со болеста исто како и јас“, вели 7-годишно девојче од Англија кое...
„Куче ми го одгриза носот - луѓето ме зјапаа, а по 14 операции конечно имам нормален лик“ Американец бил нападнат од куче кое му го одгризало носот - многу хирурзи го одб...
Вознемирувачко видео: Мигрант во Шпанија удри бебе, па се закани: „Следниот пат ќе ја убијам“ Мигрант од Еквадор е уапсен откако нападнал брачен пар со бебе во Шпанија. Видео...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg