"Паранормално" страшен филм
- Детали
- петок, 12 февруари 2010
Голем број на италијани добија напад на паника по гледање на хорор филмот "Паранормална активност". Италијанската влада, всушност размислува за...
... вовдеување органичувања за холивудскиот хорор "Паранормална активност", бидејќи поголем број на луѓе добиле напад на паника откако го изгледале.
Во Италија стравот станал толку голем што за некои луѓе веднаш била повикана и брза помош, жалејќи се на пребрзо чукање на срцето и потешкотии кои ги почувствувале по гледање на филмот, кој е приказна за двајца млади луѓе кои ги прогонуваат духови и кои доживуваат психички промени, дури и нервен слом.
Една девојка паднала во таков шок да докторите морале да интервенираат дури и пред таа да излез од кино салата и да може нормално да дише. Американскиот нискобуџетен хорор во режија на Орен Пели, е многу популарен низ светот, поготово кај младата публика.
Во Италија почна да се прикажува од минатиот петок без никакви старосни ограничувања. Неколку здруженија се заканиле дека ќе поднесат тужба во име на малолетниците на кои им било дозволено да го гледаат филмот, а министерот за одбрана изјавил дека трејлерот за овој филм повеќе не смее да се прикажува на ТВ во време кога децата би можеле да го видат.
"Тоа е филм кој предизвикува страв и напади на паника како и психолошки нарушувања кај децата. Предоцна е
тој филм да се забрани, но можеме да поставиме предупредување наменето пред се, за родителите како би биле свесни за ризикот", изјавила Алесандра Мусолини, претседател на парламентарната комисија која се занимава со правата на децата.
Овој филм можете да го погледнете во кино Рамстор со почеток на претставите во 19:00; 21:00; 23:00 часот.