Фејсбук сензација - Русите кои се возат на подвижна трака и заедно пеат
- Детали
- среда, 11 мај 2016
Во Русија се одбележа Денот на победата над фашизмот. Станува збор за одбележување на 71-годишнината од победата над нацистите со парада на Црвениот плоштад во Москва.
Овој ден речиси низ целиот свет се одбележува на некој начин, но за Русите се чини дека е посебно важен и го сфаќаат крајно сериозно, па на улиците енергично си го честитаат празникот.
На традиционалната воена парада оваа година биле вклучени 10.000 војници, 71 авиони и хеликоптери и стотици останати воени возила.
Иако парадата секогаш е спектакуларна, оваа година, Русите го изненадија светот со едно малку поинакво одбележување на денот.
На Фејсбук се појави видео каде Руси весело пеат традиционална воена песна, „Катјуша“, во московското метро во близина на паркот на победата:
Н. Г. | Црнобело