НАСА го продава Discovery?
- Детали
- вторник, 19 јануари 2010
НАСА објави дека го продава вселенското летало Discovery за помалку од 20 милина евра. По своите технички карактеристики ова летало се...
... издвојува од другите вселенски летала, со тоа што може да лета многу повеќе и многу побрзо од било кое друго летало во историјата.
На почетокот цената на ова летало била скоро 30 милиона евра, но цената била намалена поради тоа што од неа биле отстранети трошоците за превоз од вселенската база Кенеди до пистата за полетување.
Discovery кој учествувал во вкупно 37 вселенски патувања веќе е понуден на продажба во неколку музеи. НАСА планира да го продаде и вселенското летало Enterprise, кое е прототип од летало и кое што никогаш не стигнало до вселената.
НАСА одлучила да ги продаде овие возила поради тоа што многу од нив веќе ја имаат залужено својата “пензија”. Сите овие вселенски летала ќе ги замени новата ракета Ares 1-X , која од 2015 година ќе ги превезува сите патници до вселената.
За купувачите со малку поплиток џеб, кои сепак сакаат да имаат барем некој дел од ова уникатно вселенско возило, НАСА нуди можност да се купи само моторот бидејќи тој не е потребен во музеј. На почетокот цената на моторот била од 280 до 560 илјади евра, но поради тоа што немало заинтересирани само за моторот, НАСА одлучила да го поклони моторот на оној кои сам ќе успее да си го однесе дома.