Се залепила со јазик за столб
- Детали
- петок, 15 јануари 2010
Ако мислевте дека ова е возможно само во “Глупав и поглупав“ се лажете. Американката Маранда Бирд (10) од Оклахома се опоравува откако со јазикот...
...се залепила за замрзнат столб на автобуска станица. Маранда со браќата го чекала училишниот автобус кога тие ја предизвикувале да се потпре со јазикот на столбот.
“Истото го пробав и минатата година и не мислев дека ќе имам проблем да се одлепам“ – вели таа. Возачот на автобусот и рекол дека нема време да ја чека и си заминал.
“Се преплашив. Почнав да го џвакам мразот полека и постојано мислев дека не смеам да задоцнам на училиште.“ – вели девојчето.
На крајот успеала да се извлече и ќе помине само со антибиотици. А, возачот на автобуст ќе биде тужен затоа што го оставил девојчето само.