Животот е подарок, ваше е да одлучите дали неговата содржина ќе ви донесе среќа: Мудри мисли од 100-годишен дедо
- Детали
- среда, 16 декември 2015
Мејси Вилијамс од Калифорнија решила на социјалните мрежи да ја сподели приказната за својот 100-годишен дедо.
„Мојот дедо е стар 100 години и живеењето цел еден век го научило на неколку важни работи“ – така ја започнува приказната.
Енди Андерсон има животна приказна како од филмовите – се венчал со својата сопруга само една недела откако ја запознал и живееле заедно цели 67 години. Во меѓувреме имале две деца и еден посвоен син.
Без да заврши факултет, тој успеал да стигне до врвот и да работи како менаџер во компанија за млечни производи поради што го добил прекарот „Господинот кашкавал“.
Меѓу другото, тој споделил со својата внука неколку мудрости на кои го научил животот:
1. Имајте смисла за хумор.
2. Подобро е да имате лоша работа, отколку воопшто да немате работа.
3. Не трошете повеќе отколку што заработувате.
4. Сите ние имаме премногу облека. Носете го она што го имате и престанете да купувате нова.
5. Не фрлајте храна.
6. Вежбајте секој ден, дури и кога не ви е до вежбање.
7. Не се плашете да бидете она што сте.
8. Научете да простувате.
9. Штедете пари колку што можете.
10. Бидете љубопитни и откривајте го светот околу вас.
11. Образованието е важно, но не клучно. Понекогаш животот е најдобар учител.
12. Понекогаш љубовта на прв поглед не е бајка.
13. Наоѓајте нешто комично во секоја ситуација.
14. Вашето семејство е најважната работа на светот.
15. Кога ќе наидете на проблем, не го одлагајте неговото решавање.
16. Животот е подарок кој морате да го одмотате. Ваше е да одлучите дали неговата содржина ќе ве однесе до среќен живот.