Што сè поминуваат децата низ светот за да стигнат до училиште?
- Детали
- среда, 07 септември 2016
Една од придобивките на современото време во кое живееме е тоа што урбаните области предвидуваат изградба на голем број училишта преку кои ќе им се овозможи на децата да го стекнат потребното образование, притоа не морајќи да патуваат на огромни растојанија.
Сепак, доколку постојано се жалите како ви е потребен половина час да го однесете или земете детето од училиште, помислете само на големиот број луѓе кои живеат во многу рурални области на земјината топка и чии деца со часови патуваат до своите училишта.
Многу често, ваквото патување вклучува пловење со сплав, движење по тесни патеки покрај огромни провалии, одење по јаже...
После овие фотографии можеби ќе сфатите колку сте всушност среќни што растојанието до училиштето на вашето дете изнесува најмногу половина час, а воопшто да не зборуваме колку сте среќни што можеби некои истото го поминуваат со автомобил.
М. С. | Црнобело