Година на социјалните мрежи
- Детали
- понеделник, 14 декември 2009
Оваа година дефинитивно ја одбележаа социјалните мрежи како Twitter и Facebook. Социјалната мрежа Twitter, карактеристична по својата комуникација...
...преку пораки од максимум 140 карактери, оваа година се вивна до самиот врв, додека пак Facebook успеа целосно да го потисне MySpace и да го превеземе водството меѓу страниците за друштвено вмрежување.
„Facebook и Twitter се големите победници“, изјави Jason Keath, основач на страницата SocialFresh.com, додавајќи дека Facebook во текот на оваа година успеал двојно да го зголеми бројот на своите корисници.
Со голема брзина годинава се развиваше и Twitter. На почетокот на годината оваа страница имаше само 2 милиони корисници, а сега има над 40 милиони корисници.
„Кога Facebook би бил држава би бил четврта по ред најмногубројна држава на светот“, вели Scott Stanzel, поранешен заменик медиумски секретар во администрацијата на George W. Bush, додавајќи дека на почетокот на годинава никој не ни помислуваше дека Twitter ќе има толку големо влијание.
Twitter, популарниот сервис за microblogging се развива со неверојатно голема брзина. До сега имаше повеќемилионски понуди од страна на Facebook и Google за превземање на оваа страница, но Twitter ги одби сите понуди.
Популарноста на Twitter се зголеми уште повеќе со појавата на паметните телефони во широка употреба бидејќи на овој начин комуникацијата стана многу поедноставна.
„Очигледно е дека луѓето сакаат да комуницираат, a Twitter е вистинска комуникациска платформа“, вели Jack Levine сооснивач на ImageShack.
Facebook пак се отвори кон творците на забавни мини-програми исто така со голема брзина одговори на барањето на корисниците да се логираат на оваа страница без оглед на тоа каде се наоѓаат.
Facebook и Twitter исто така стекнаа голема популарност и затоа што им овозможуваат на своите корисници да се поврзат со своите пријатели и да ги сочуваат своите контакти без оглед на тоа каде се наоѓаат.
„Благодарение на Facebook луѓето можат да имаат постојан контакт иако се оддалечени со илјадници километри“, вели Stanzel, додавајќи дека Twitter би требало да биде малку повнимателен во однос на spam пораките бидејќи би можел да стане пренатрупан и комплициран заради што би можел да ги изгуби своите корисници.
Facebook пак неодамна на своите корисници им овозможи дополнителна заштита, настојувајќи на тој начин да ги задржи постоечките корисници, кои моментално се 300 милиони, но и да привлече нови корисници кои досега можеби не сакале да бидат дел од оваа мрежа бидејќи сметале дека нема соодветна заштита на приватноста.