Кафез наместо дом: Како живеат сиромашните во Хонгконг?
- Детали
- петок, 02 октомври 2015
Хонгконг е еден од најгусто населените градови во светот. Тука каде пешаците се движат по улиците како сардини и едвај се разминуваат, искористувањето на просторот е една од најважните работи.
Таков е случајот и со живеењето.
Во Хонгконг становите се сложувани како коцки, еден по еден и најчесто се помали од 10м2.
Еден ваков стан не би можел да се нарече дом, бидејќи е далеку од удобен, но милиони семејства се населени токму во ваков простор.
Во Монг Кок квартот живеат дури по 22 мажи во апартман од 41м2. Собите се состојат од само еден кревет кој буквално личи на кафез.
Сепак, натрупаноста на просторот и тешките животни услови за многу станари не претставуваат проблем.
„Долго време ми требаше да го прифатам овој факт, но еднаш кога ќе ја сфатите и прифатите реаноста, животот ќе ви биде многу полесен. Станот е место каде спиете и ништо повеќе“ - вели еден жител на Хонгконг.