Цел свет беше тажен кога ја виде сликата од овој самохран татко, па му беа донирани 170.000 долари
- Детали
- вторник, 15 септември 2015
Абдул ал-Кадер Халем последните три години своето семејство го издржувал со продавање на пенкала, а сега благодарение на добрината на луѓето повеќе нема да шета на улиците на Либан за да го прави тоа.
Гисур Симонарсон објавила фотографија од него како продава пенкала додека ја носи својата 9-годишна ќерка на рамо, а таа спие.
Многу бргу фотографијата стана вирална, а луѓето беа во потрага по овој човек за да ја откријат неговата приказна и да му помогнат.
Абдул е Сириец и самохран татко кој не можел да најде работа откако ја напуштил својата родна земја, па решил да продава пенкала за да го прехрани своето семејство.
Неговата приказна ги допре срцата на голем број на луѓе ширум светот кој решиле да донираат пари за да му помогнат. Поточно биле донирани 170.000 долари кои Симонарсон преку UNICEF ќе ги испрати на несреќното семејство.
Оваа приказна е добар потсетник за добрината на луѓето.
Ал-Кадер планира да донира дел од парите и за другите Сиријци емигранти.
„Се надевам дека оваа кампања која започна само со мене ќе порасне и ќе биде со цел да им помогне на сите Сиријци кои го напуштиле својот дом“ – вели ал-Кадер.