Нови промени на Facebook
- Детали
- четврток, 03 декември 2009
Бројката од 250 милиони корисници Facebook ја достигна во текот на јули, 300 во срeдината на септември, а моментално има 350 милиони...
...корисници. Основачот на сервисот, Mark Zuckerberg, преку официјалниот блог ја извести јавноста за ова достигнување и истовремено најави некои нови промени, кои првенствено се однесуваат на приватноста на корисниците.
Имено, ќе има промени во приватноста на корисниците во внатрешноста на разни мрежи и заедници врзани со одредени институции, локации, региони или компании.
Корисниците во ваквите заедници делат поприлично многу лични податоци, а проблем се јавува кога заедницата ќе порасне толку многу што се состои од неколку милиони корисници.
Токму заради тоа, Facebook реши да ги отстрани мрежите и да воведе опција за нови поставки на приватноста кои ќе им овозможат на корисниците подобро да управуваат со нив.
Па така корисниците сега ќе можат да управуваат со апсолутно секоја информација која ќе ја создадат или објават на Facebook.
Facebook секако го очекува мислењето на корисниците во однос на најавените промени кои би требало да се имплементираат во текот на следните неколку недели.