Сите сакаат Apple
- Детали
- четврток, 26 ноември 2009
Американската компанија Apple соопшти дека продала 7,4 милиони примероци од својот популарен паметен телефон iPhone во четвртото тромесечие...
...од фискалната 2009 година (од почетокот на јули до крајот на септември).
Овој гигант ја надмина и границата од три милиони продадени компјутери Macintosh, додека продажбата на преносниот дигитален media player - iPod опаѓа.
Продажбата на iPhone во четвртото тромесечие е зголемена за седум проценти во однос на истиот период минатата година, а пред сé како последица на лансирањето на 3 GS верзијата на овој уред, која е значително побрза од претходната.
Продажбата на Mac компјутерите зголемена е за 17% за една година и сега достигнува 3,05 милиони примероци, што според Apple е историска цифра.
„Имаме многу добра понуда за претстојните празници и располагаме со палета одлични производи за 2010 година“, вели извршниот директор на Apple, Steve Jobs истакнувајќи го задоволството од продажбата на iPhone уредите и Mac компјутерите.