Twitterot на Бритни хакнат
- Детали
- четврток, 12 ноември 2009
Освен во случај да го обожува ѓаволот, изгледа дека Twitter акаунтот на Бритни Спирс (@BritneySpears) е превземен од хакери. Неодамна твитер акаунтот...
...на Бринти претрпе измени во однос на позадината и личната фотографија, како и следните твитови:
“I give myself to Lucifer every day for it to arrive as quickly as possible. Glory to Satan!”
“i hope that the new world order will arrive as soon as possible! -Britney”
Еве ја и фотографијата како тоа изгледало:
Иако е тешко да се објасни што точно се случило, најверојатно станува збор за хакери кои превзеле контрола над нејзиниот акаунт. Причината за ова останува непозната.
Ова не е ни прв пат нејзиниот акаунт да биде компромитиран. Како една од најпознатите и најпопуларни личности во светот, секогаш ќе биде таргет на хакерите.
Сепак, одговорните во Твитер биле контактирани и била вратена контролата врз акаунтот.