Директор на деценијата
- Детали
- сабота, 07 ноември 2009
Заслугите на првиот човек на Apple во компјутерската и сродните индустрии се протегаат и подалеку од минатата деценија, но она што тој го направи во...
...последните десет години сосема заслужено му ја донесе наградата најдобар извршен директор на деценијата.
Списанието „Fortune“ го прогласи педесет и четири годишниот Steve Jobs за најдобар директор во последната деценија. Титулата му е доделена со полно право бидејќи Steve Jobs направи вистинска револуција во ICT индустријата.
Под негово раководство Apple во изминатите десет години постави нова насока на музичкиот пазар со своите мултимедијални преносни уреди iPod, потоа го потресе телекомуникацискиот пазар со претставувањето на револуционерниот мобилен телефон iPhone, создаде нов начин на дистрибуција на музиката преку „online“ продавницата iTunes, а дополнително го зацврсти и Mac култот со Apple компјутерите и оперативниот систем OS X.
Навистина нема што да им се замери на „Fortune“, бидејќи иако во светот на ICT индустријата постојат и други икони кои ги унапредија начините на користење на технологијата, сепак она што Steve Jobs го направи во изминатата деценија е навистина импресивно.
Најдобро од сé е тоа што првиот човек на Apple се наоѓа во зрелите години и сигурно има уште многу што да ни каже и покаже.