Девојка од САД која го нарачала убиството на мајка ѝ е пуштена од затвор
- Детали
- петок, 29 декември 2023
Голем дел од животот, Џипси го поминала мислејќи дека е болна – користела инвалидска количка, а ѝ биле направени и неколку непотребни операции. Сето ова бидејќи мајка ѝ имала сериозни проблеми со менталното здравје и ја лажела дека е болна. На крај, Џипси ја убила мајка си со помош на маж што го запознала онлајн и доби 10-годишна казна затвор, но беше ослободена две години порано бидејќи и самата била жртва.
Можеби досега сте слушнале за Џипси Роуз Бланшард – девојка чија мајка ја терала да се преправа дека е болна и, на некој начин, ја малтретирала.
Мајка ѝ одела до тој степен што раскажувала дека Џипси има леукемија, па дури ѝ биле направени и неколку потполно непотребни операции и процедури.
Приказната кулминира со убиството на мајката од страна на маж кој Џипси го запознала онлајн.
Поради фактот што Џипси индиректно учествувала во убиството, таа доби затворска казна.
Но, нејзината приказна брзо се прослави и голем дел од јавноста ја бранеше.
Односно, многумина сметаа дека Џипси само барала начин да се извлече од лошата ситуација и всушност делувала во самоодбрана.
Прочитајте и Мајка ѝ ја лажела дека има леукемија, ја терала да користи инвалидска количка: Морничавата приказна за Џипси Роуз
Сега, осум години откако беше осудена, Џипси е пуштена на слобода.
Таа беше забележана и како излегува од зграда носејќи куфер и пластични кеси.
Џипси беше осуден на 10 години, но казната ѝ беше намалена на осум.
Од друга страна, мажот кој ја уби нејзината мајка доби доживотна казна затвор без можност за помилување.
„Подготвена сум за мојата слобода“, изјави Џипси во интервју за People кратко пред да биде ослободена.
Минатата година, додека беше во затвор, Џипси и се венча, а на новите фотки се гледа и нејзиниот сопруг.
И покрај тортурата што ја претрпела, Џипси во неколку интервјуа има истакнато дека мајка ѝ сепак не заслужила да умре.
„Таа беше болна жена, но за жал, јас не бев доволно едуцирана за да го согледам тоа. Мајка ми заслужи да биде во затвор, каде што сум јас сега, за нејзиното криминално однесување“, изјави Џипси во интервју за People.
Спирова С. | Црнобело