Ширење компјутерски вируси
- Детали
- среда, 04 ноември 2009
Софтверскиот гигант Microsoft предупреди на ширење на компјутерски вируси односно злонамерен софтвер, кој повторно ќе зачести како...
... пред 10 години.
Она што е всушност во пораст е активноста на тие вируси истакнал еден од членовите на раководството на Microsoft задолжен за информатичка сигурност.
Во моментов се работи за вируси кои се програмирани да се размножуваат и да преминуваат од еден на друг компјутер и се сокриваат во апликациите или се сместуваат во УСБ стиковите.
Вирусот кој масовно се шири е познат како Конфикер, и според податоците на фондацијата Shadowserver која се занимава со сигурност, досега се заразени повеќе од 7 милиони компјутери.
Затоа, пред отворањето на непознати страници, прифаќање на разни Фејсбук апликации или пренесување на податоци од УСБ стикови, размислете два пати.
Бидете внимателни и заштитете го вашиот компјутер соодветно.