Зошто се откажуваат од студии
- Детали
- понеделник, 19 октомври 2009
Истражувачи од Гранада направиле статистички модел кој пресметува колкава е веројатноста дека студентот ќе се откаже од факултетот. Целта на...
...истражувањето е да се реши проблемот зошто 30-50% од студентите во Шпанија во некој момент се отпишуваат од студиите.
Моделот анализира база на податоци за студентите од 1992 година со денес и при тоа користи модел на логистичка регресија кој овозможува да се прерачуна веројатноста за откажување од студирањето.
Анализирани се повеќе од 10.000 студенти на информатичка технологија, околу 25.000 студенти на економија и 40.000 студенти од подрачјето на филозофија и уметност.
Така, откажувањето кај информатичарите и економистите е околу 40%, а кај студентите по филозофија и уметност е повеќе од 60%.
Резултатите покажале дека најчесто се откажуваат оние кои на приемниот испит имале низок број на бодови како и оние кои запишале факултет на 25 или повеќе години.
Од трите анализирани подрачја, на подрачјето од филозофија и уметност се запишуваат “најстарите“ студенти, во просев со околу 25 години (14.4%) и со најлоши резултати на приемниот испит, додека во другите две подрачја постари од 25 години се само 10%.
Влијанието на семејството се покажал како уште еден значаен фактор во откажувањето на студентите кои не можеле да се справат со притисокот од страната на родителите.
Од 23 проучувани варијабли, успешноста и просекот на оценките се најмногу поврзани со откажувањето. Колку пониски оценки - толку поголема веројатност дека студентот ќе се откаже од факултетот.