Чоколадно шоу во Париз
- Детали
- петок, 16 октомври 2009
Секоја година во средината на октомври, во главниот град на Франција се одржува познататото чоколадно шоу. Идејни творци на оваа манифестација...
...се Силви Душ и Франсоа Жанте кои ја водат маркетинг агенцијата Event International.
Пред 10 години тие дојдоа на идеја за организирање на Salon du Chocolat во Париз. Неговата популарност постојано расте и минатата година за 4 дена го посетија преку 100.000 луѓе.
Со зголемување на популарноста на настанот, овие чоколадни шоуа почнаа да се организираат и во Њујорк, Пекинг, Москва и Токио, но тој во Париз останува и натаму број 1 настан од ваков тип.
Оваа година се одржува од 14 до 18 октомври и отвoрањето беше навистина спектакуларно. Со чоколадна модна ревија, на која сѐ беше во знак на самата идеја на манифестацијата – славење на оваа прекрасна и магична супстанција.
Посетителите ќе можат во овие 4 дена да видат и посетат конференции за чоколадото, демонстрирање на рецепти, какао шоу, чоколадни награди, чоколадна работилница за деца, како и бројни други настани.
За оние кои се повеќе заинтересирани, влезницата чини 12 евра (околу 720 денари).
Гурман™
Портал за храна и готвење.
www.gurman.mk