Нормален живот со пола мозок

Родена е само со половина мозок, а Мишел нормално говори, заврши средно училиште и невообичаено добро памети датуми. На возраст од 27 години...

 

... докторите откриле дека десната половина од својот мозок се преформулирала за да се превземат функциите кои се изгубени за време специфична бременост.

Но нејзиното детство и пубертетот не биле воопшто лесни. ˝Беше тоа тежок период за мене. Тешко беше така да се расте, и никој не знаеше вистината за мојот мозок˝, се сеќава Мишел.normalen-zivot-so-pola-mozok1

Нејзините родители кратко време по раѓањето,сфатиле дека нешто не е во ред. ˝Немаше на кој да се свртиме за помош. Мишел немаше церебрална парализа или Даунов синдром. Не можев да се потпрам на никој˝, објаснува нејзината мајка.

Десет години подоцна, д-р Јордан Графман, директор на когнитивната неврологија при Националниот институт за здравје во САД, конечно го  дијагностицираше проблемот.

Со помош на магнетна резонанца се докажа дека на Мишел и недостасува речиси цела лева половина на мозокот. Семејството беше во шок.

˝Бевме изненадени од степенот на оштетување на нејзиниот мозок. Некои структури останале, но 95 проценти од кортексот недостасува, како и структури кои се одговорни за контрола на движење˝, додава д-р Графман. Единствено објаснување на докторот било дека нејзиниот мозок сам се опоравил и трансформирал.

И покрај опоравувањето, Мишел се уште има проблем со апстрактни моменти и лесно се губи во непозната средина.

Дијагнозата ги објаснила нејзините проблеми што ги имала како мала и на своето семејство им понуди надеж. "Д-р Графман ни објасни дека десната хемисфера ја презема улогата на левата, и полека треба да се обновуваат сите функции. Но, лошите денови, сега се зад нас", додава таткото на Мишел.



Би можело да ве интересира:

Војни, земјотреси, но и „Барби манијата“: Најпребарувани работи на Гугл за 2023 година Веројатно претпоставувате дека најпребаруваниот филм е Barbie, додека трагедијат...
Ријалити ѕвезда со исповед: „Сакав задник како Ким Кардашијан, ќе умрев по операцијата за лифтинг“ „Ми извадија еден литар гној. Тоа беше толку страшно и болно. Низ цела болница м...
Бизарна приказна: Детали за грозоморното убиство на модел со српско потекло – сопругот ја задавил, с... Зад совршените Инстаграм фотографии на моделот Кристина Јоксимовиќ се криело нас...
„Поминав 8.000km за љубовен состанок, но заврши катастрофално“ Англичанката Кејла Касл буквално го сфатила тоа дека „само небото е граница“, па...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Американка критикувана од јавноста: Крева тегови од 155kg во 8-иот месец од бременоста Лили Стивенсон е мајка на две деца која во втората бременост редовно вежбал во т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg