Казни за спам пораките
- Детали
- сабота, 10 октомври 2009
Европската комисија ги повика владите на земјите членки на ЕУ систематски да почнат строго да ги казнуваат лицата одговорни за праќање на...
... спам пораки, што е проблем кој ги измачува дури 65% од жителите на европските земји.
Иако спам пораките се забранети од 2002 година сепак овие пораки ги добиваат 65% од жителите во Европа. Мора да се забрза борбата против спам пораките изјавила Европската комесарка Вибијан Рединг.
Најголемиот број на казни против спам пораките се регистрирани во Шпанија и Словачка 39% додека во Романија само 20%.
Најсторго пак се казнуваат во Холандија кадешто казната достигнува дури и до 1 милион евра, во Италија 570.000 а во Шпанија 30.000 евра. Спамот преставува непосакувана пошта која во голем опсег може да го затрупа вашиот компјутер а вообичаено тоа е безвредна пошта.
Најчесто се работи за лажни пораки кои имаат порнографска содржина или некаков вид на рекламен материјал, коа често содржи примамливи понуди, а всушност се работи за измами.