Деца нашле 15.000 евра
- Детали
- четврток, 08 октомври 2009
Четири ученици од едно основно училиште нашле 15.000 евра, а потоа парите ги поделиле со своите врсници. Две момчиња и две девојчиња...
...нашле пари во плико каде имало и документи.
Одушевени од “пленот“, почнале да ги делат парите со другарчињата додека едно од нив не му кажало на наставникот што се случува.
Тој повикал полиција, а во меѓувреме почнал сам да ги собира парите од децата.
Собрал 12.000 евра, а полицајците успеале да извлечат уште 1.040, но преостанатите 960 евра останале кај најхрабрите дечиња.
Полицијата утврдила дека парите припаѓале на некој Афганистанец, кој живее во околината на Франкфурт, кој штедел за патување во Кина и за да си ги врати долговите.