Посвојте дете на YouTube
- Детали
- среда, 07 октомври 2009
Некои експерти предупредуваат дека огласувањето на интернет може да привлече педофили, но и да покаже лажна слика за идилата во заедниците...
...на потенцијалните посвојувачи на деца.
Паула и Дастин Вилис минатата недела на YouTube објавиле краток филм во кој го претставуваат своето семејство и изразуваат желба да посвојат дете.
Освен нив, ова го имаат направено уште околу 200 американски брачни парови. Видео профилот за нив го изработила агенцијата Bethany Christian Service.
Некои предупредуваат дека ова огласување може да даде лажна слика за идилата во која живеат потенцијалните родители.
- YouTube само овозможува друг вид на поддршка на идните родители, но и поразличен увид на можните “дарители“ на деца - ја брани својата идеја Марк Андреас, потпретседател на Bethany Christian Service.