Нгоронгоро - животински рај

ngorongoro-zivotinski-raj-povekjeНгоронгоро, до неодамна релативно непознат кратер на изгасен вулкан во северна Танзанија, последниве неколку години се претвора во...

 

...најпосакувано туристико одредиште во Африка.

Во оваа огромна долина, опкружена со 600 метри високи ѕидови на кратерот во затворен еко-состав веќе стотина години живеат повеќе од 30.000 животни, меѓу кои и големите африкански ѕверови како лавови, носорози, слонови, леопарди и биволи.

Точниот број на зебри и антилопи е непознат бидејќи со нив се хранат покрај животните и Масаи-те, припадници на воено племе кое го користи кратерот како ловиште.

Овој единствен еколошки состав кој претставува најгусто населено место со животни во светот, на Европјаните до скоро им бил непознат.

ngorongoro-zivotinski-raj

- Еден од првите белци кој дошол во Нгоронгоро бил Бернхард Грзимек, директор на хамбуршката зоолошка градина.

Тој заедно со својот син Мајкл во средината на минатиот век подигнал логор во кратерот од каде ги броел и класифицирал животните.

Мајкл загинал од падот во самиот кратер, а резерватот за туристите останал релативно непознат до денес. Сфаќајќи го туристичкиот потенцијал на овој кратер, танзаниските власти почнале да го рекламираат овој природен резерват.

Бројот на туристи за само неколку години вртоглаво пораснал. За да ја сочувааат еколошката рамнотежа на Нгоронгора, повеќе не се дозволува кампување во кратерот, туку за туристите е изграден еден вид на хотел со бунгалови во афрички стил на самиот раб на кратерот, од каде во текот на денот туристите се спуштаат до дното на изгаснатиот вулкан.

“Го развиваме туризмот, но не сакаме да го загрозиме биосоставот кој се развива независно од останатите делови на Африка. Додека немаше туристи, ретки беа посетителите кои подигнуваа шатори во кратерот, но сега посети се дозволени само преку ден“ - велат од управата.

Погледнете како изгледа ова живеалиште на безброј животни.

Би можело да ве интересира:

Вилијам и Кејт објавија нова божиќна семејна фотографија - Потсетува на фотката од Хари и Вилијам од... На новата празнична фотографија, кралското семејство е во опуштено издание, обле...
Австралијка се вљубила во домородец од Еквадор, патувала 30 часа за да се запознаат Таа зборува само англиски, а тој само шпански... Но, тоа не било бариера за нивн...
„Принцот Хари беше вљубен во Кејт, а тоа ѝ пречеше на Меган“ – нови тврдења на кралска авторка „Меган Маркл сигурно била многу завидлива и љубоморна на Кејт Мидлтон“ – тврди а...
„Пробувам да забременам, но се плашам дека ќе бидам ужасна мајка - Што да правам?“ „Мојот сопруг и јас веќе подолго време пробуваме да добиеме дете. Но, јас сум уш...
Џулијан Асанж е слободен човек - По 12 години правна битка и 2 деца добиени во заробеништво „Џулијан Асанж е слободен човек“. Основачот на Викиликс по 12 години правна борб...
Шведска овозможува породилно отсуство за бабите и дедовците – ќе добиваат пари за да се грижат за вн... Според нов закон во Шведска, родителите можат да префрлат денови од нивното поро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg