„Пробувам да забременам, но се плашам дека ќе бидам ужасна мајка - Што да правам?“

„Мојот сопруг и јас веќе подолго време пробуваме да добиеме дете. Но, јас сум уште сега преплашена дека ќе бидам ужасна мајка на детето. Навистина не знам што да правам“, пишува во анонимното прашање на Британка.

probuvam-da-zabremenam-no-se-plasham-deka-kje-bidam-uzhasna-majka-shto-da-pravam-01.jpg

Многу Британци кои имаат мали и поголеми лични проблеми и дилеми, анонимно бараат одговори на своите прашања преку Metro.co.uk

Овој пат, Ем Кларксон, познат авторка и новинарка во Британија, одговара на прашањето на жена која сака да се откаже од идејата да роди дете, бидејќи смета дека нема да биде добра мајка.

„Драга Ем, мојот сопруг и јас веќе подолго време пробуваме да добиеме дете. Но, јас сум уште сега преплашена дека ќе бидам ужасна мајка. Што да правам?“, стои во прашањето на жената.

Одговорот кој ѝ го дава Ем на жената е од лично искуство, а е поврзан со нејзината бременост и ќерката што ја родила пред една година:

„Не знам многу работи, но непишано правило е дека ако си лош човек, не знаеш дека си лош, но и дека ужасните мајки најверојатно не се грижат многу за тоа дали ќе бидат добри или лоши мајки.

Стравот што го искусуваш е најверојатно поради дилемата што ја имаш дали сакаш или сепак не сакаш да имаш дете. Ова е нешто што мора да го решиш сама или со партнерот, без притисок.

Разговарај со него навреме, кажи му како се чувствуваш, можеби во моментов не си подготвена да бидеш мајка, но тоа не значи дека чувствата нема да ти се сменат во иднина.

Во секој случај, мора да бидеш отворена веднаш, пред да биде предоцна.

probuvam-da-zabremenam-no-se-plasham-deka-kje-bidam-uzhasna-majka-shto-da-pravam-02.jpg

Но, ако длабоко во себе знаеш дека сакаш да станеш мајка, верувај дека сите стравови ќе исчезнат штом ќе се роди бебето. Ќе го сакаш, ќе го чуваш, неговите потреби ќе ги ставиш пред своите и ќе сфатиш дека сите стравови биле непотребни.

Јас и денес не можам да поверувам колку се трансформирав во последнава година, откога се роди ќерка ми. Од моментот кога ја видов и ја зедов во рацете, знаев дека веќе ништо нема да биде исто, а дека јас ќе направам буквално сè за неа, без да ми трепне око.

Ако сум искрена, и јас најверојатно мислев дека ќе бидам лоша мајка и понекогаш чувствувам вина дека не правам доволно, но потоа сфаќам дека давам сè од себе и дека тоа е океј.

Па, ако ти значи нешто, верувај, сите сме загрижени на почетокот, а потоа се изненадуваме самите себеси што сè можеме“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...
„Јас сум разгалена домаќинка во Дубаи, за Божиќ си добив филери и Dior чанта за моето бебе“ „Мене накитот на мојата ќерка ми е поважен од нејзиното образование, затоа што а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg