Температурите ќе растат
- Детали
- среда, 30 септември 2009
Глобалните температури би можеле да пораснат за 4 степени целзиусови до средината на 50-те години од овој век доколку се продолжи со сегашното...
...темпо на емисија на гасови со ефектот на стаклена градина.
Овие неповолни прогнози се во склоп со извештајот кој бил објавен оваа недела од страна на Обединетите Нации во кое се изнесува големо предупредување, со што се надминуваат и претпоставките од 2007 година.
Лидерите на земјите кои емитуваат најмногу гасови ги прифатиле овие забелешки дека температурите за истиот период не би смееле да надминат пораст од 2 степени целзиусови.
Околу 190 земји на состанокот во декември во Копенхаген ќе пробаат да постигнат договор во врска со начинот на кој би можело да се успори глобалното затоплување.
Научниците посочиле дека температурата на нашата планета пораснала за 0,7 степени целзиусови во текот на минатиот век.
Најголеми температурни разлики се забележуваат на Антартикот - и тоа за +15 степени, и до +10 степени во делови на Африка.