Шета на крила од авион
- Детали
- четврток, 20 август 2009
Тајгер Бруер (8) се прошетал на крилата на авионот на својот дедо на висина од 305 метри при брзина од 160 km/h и стана најмлад шетач по авионски крила на светот.
“При полетувањето малку се плашев. Кога бев веќе високо во воздухот, стравот се намали“ - вели детето. Тајгер е изаснат во семејство кое долги години се занимава со екстремни спортови, а неговиот дедо Виц Норман е тренер на тим кој синхронизирано оди по крила на авиони.
“Беше неверојатно, како да сум на кровот на светот. Немав падобран, само заштитни наочари.“ - вели детето кое во воздух поминало околу 25 минути. Неговата мајка Зои како дете исто така одела по крилата на авионите.
Светскиот рекорд за најмлад шетач до сега го држел бубњарот на Пинк Флојд. Гај Мејсон во 2001 година со свои 11 години шетал по крилата на авион. Тајгер чека службена потврда од Гинис дека светскиот рекорд сега е негов.