Се напалил на Мини Маус
- Детали
- среда, 12 август 2009
Човек од Флорида е осуден на условна затворска казна и психајатарско лекување бидејќи во Дизниленд успеал да ја "зграби" задницата и градите...
... на Мини Маус.
Џон Вилијам Мојер е осуден во вторникот на 180 дена условна казна каде ќе мора да има и 50 часа на корисна работа поради фаќањето на Бритни Данкан Мек Голдрик за задницата и градите.
Инцидентот се случил минатиот месец во Дизниленд, каде Бритни работи како Мини Маус. Џон ја замолил да се фотографира со него, а таа веднаш прифатила.
Но, Џон веројатно се напалил на точкестиот фустан на Мини, па така прво ја зграбил за задницата, а набргу потоа преминал и на градите. Шокираната Бритни почнала да вика, па на крај морала сама да го отргне од себе. На судењето Џон тврдел дека е невин и дека ниту една оптужба не е веродостојна.
Неговиот син се обидел да му објасни на судијата дека Џон е совршен човек и како тој никогаш не би се однесувал на непристоен начин кон жена. Но, се чини дека судијата е неуморлив па му додела на Џон условна казна и му нареди да напише писмо за извинување на својата жртва, да ги плати судските трошоци и ако има потреба - да посети психијатар.