Химен старо за ново
- Детали
- вторник, 04 август 2009
Србинките “полудеа“ за најновата мода. Со операција ја враќаат одамна изгубената невиност, а потоа ја продаваат во Дубаи за 7000€. Повеќе од илјада...
...србинки годишно одат на хименопластика, операција со која ја враќаат невиноста.
“Имам пациентка на која до сега три пати и го правев хименот. Арапите ја ценат невиноста. Овде го изработуваме хименот, таму ја продава невиноста, зема пари и повторно доаѓа кај мене. Така заработува за живот“ - вели гинекологот Душан М. Протиќ.
Некои девојки тоа го прават од здравствени причини или од љубов. Најмладата пациентка имала 18 години, а најстарата 32. Младите девојки имаат проблем со несигурни мажи кои во бракот ги испрашуваат со кого и колку спиеле или пак сè уште имаат чувства кон поранешниот партнер. Невиноста ја враќаат и жени кои веќе абортирале, родиле или се во брак.
“Една го изненади сопругот со кој не изгубила невиност - за 10 годишнина од брак му подари нов химен“ - додава докторот.
Операцијата е многу едноставна и трае 15 минути. Новиот химен се изработува од неговите постоечки делови и делови од ткивото. Раната зараснува за 8-10 дена. Не влијае на сексуалната чувствителност на жената.
Девојки нека не ви доаѓаат идеи на памет.