Бездомници во еден правец
- Детали
- вторник, 04 август 2009
Повеќе од 550 бездомни семејства го напуштиле Њујорк од 2007 година, откако градот почна на луѓето кои немаат покрив над главата да им купува билети...
...во еден правец.
Администрацијата на градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг сака да ги намали трошоците за засолништа за бездомници. Едно бездомно семејство градот и даночните обврзници ги чини $36.000 годишно и Њујорк за да ги намали трошоците, на бездомниците им купува карти во еден правец за авион, воз или брод. Единствен услов е роднини или пријатели на бездомниците да се согласат да им понудат привремено преноќиште.
Далечината не важна – досега во други американски држави и на сите пет континенти се раселени бездомници од Њујорк. Досега никој не се вратил.
Критичарите сметаат дека ова е само „козметичка мерка“. Њујорк не прави ништо посебно за бездомниците. Тие и натаму остануваат без свој дом, само што се на друго место, смета њујоршкото здружение за бездомници.