Пена фестивал во Белград
- Детали
- вторник, 28 јули 2009
На сцената на технофестивалот во Белград македонските диџеи може да ги покажат своите вештини во миксање. На 29 август во белградска „Арена“...
...во организација на компанијата „Фри менаџмент“, ќе се одржи првиот пена музички фестивал.
Настанот е замислен како диџеј-спектакл во времетраење од 12 часа со многу пена што ќе биде пуштена од осум специјализирани машини за правење пена поставени на различни локации во „Арена“, од кои четири директно од плафонот.
Фестивалот е поделен на повеќе сцени: главна (Сенди Ривиера, Бени Бенаси, Дејвид Моралес, Марко Настиќ, Марко Милосавлевиќ), скај-флеш сцена (Том Пукс, Цусуши Сузуки, Ијан Ф., Ендрју Техкик, Ф. Соник, Томи де Клерк), СХ-сцена (регионален натпревар во диџејство).
Токму на СХ-сцената македонските диџеи може да ги покажат своите вештини во миксањето на техномузиката.
Посетете го веб сајтот www.belgradefoamfest.com за повеќе информации.