„Користев Оземпик за слабеење – се чувствував ужасно, не можев да станам од кревет“

Англичанка почнала да го користи лекот Оземпик за слабеење и вели дека никогаш во животот не се чувствувала полошо. Решила да престане по три месеци и сега го споделува лошото искуство со лекот кој всушност е наменет за лица со дијабетес тип 2.

koristev-ozempik-za-slabeenje-se-chuvstvuvav-uzhasno-ne-mozhev-da-stanam-od-krevet-01.jpg

Ако следите што се случува во светот на славните, досега веројатно сте слушнале за Оземпик – лек за дијабетес кој многу познати личности го користат за слабеење.

Можеби имате забележано дека и кај нас, по некои Фејсбук групи, има луѓе кои се распрашуваат за лекот и за неговата ефикасност кога се користи за слабеење.

Проблемот е што, од една страна, лекот Оземпик може да помогне во слабеењето, но од друга – предизвикува низа компликации кога го користат луѓе на кои не им е препишан.

koristev-ozempik-za-slabeenje-se-chuvstvuvav-uzhasno-ne-mozhev-da-stanam-od-krevet-06.jpg

Лошо искуство со лекот има и Сем Кинг, 39-годишна жена од Англија која вели дека не вредело да си го ризикува здравјето за телото од соништата.

Сем почнала да има проблеми со килограмите во 20-тите, а пред три години имала 120 килограми.

Вели дека пробала сè за да ослабе, но безуспешно.

„Ја пробав секоја диета, шејкови за слабеење, кето диета – ништо не функционираше. Минував по два часа во теретана и за три недели слабеев по половина килограм, но веднаш го враќав.

Носев машка облека за да се покријам и немав самодоверба“.

koristev-ozempik-za-slabeenje-se-chuvstvuvav-uzhasno-ne-mozhev-da-stanam-od-krevet-03.jpg

Најчудното во целата ситуација е тоа што Сем добила препорака за лекот Оземпик од нејзиниот матичен лекар.

„Ѝ објаснив на докторката дека имам вишок килограми и дека пробав сè. Таа покажа сочувство, па ми кажа за некој нов лек што се викал Оземпик…“, раскажува Сем.

Пред некоја година, Оземпик не беше познат како помагало за слабеење и се користеше за контролирање на нивото на гликоза во крвта кај луѓе со дијабетес тип 2.

Еден од несаканите ефекти на лекот е тоа што значително го намалува апетитот, а неговата активна состојка – смаглутид – го поттикнува слабеењето.

Сепак, ова не го прави безбеден како алтернатива за слабеење, како што подоцна открила и самата Сем.

koristev-ozempik-za-slabeenje-se-chuvstvuvav-uzhasno-ne-mozhev-da-stanam-od-krevet-05.jpg

Таа го примала лекот секој ден, преку инјекција во стомакот. Почнала и да чита туѓи искуства со Оземпик и едвај чекала и таа да може да го сподели своето.

Најпрво докторката ѝ го препишала лекот за еден месец, но апетитот на Сем не се намалил.

Па, докторката ја советувала да намали со алкохол, да се храни поздраво и да внесува повеќе протеини.

Но, пред да помине месецот, Сем почнала да се чувствува лошо.

„Постојано имав мачнина и не можев ни да излезам од дома. За среќа, работам од дома, па тоа не беше проблем.

Но, по некое време мачнината стана толку лоша, што не можев да станам од кревет. Најпрво ми се гадеше само еднаш дневно, а потоа и неколкупати“.

koristev-ozempik-za-slabeenje-se-chuvstvuvav-uzhasno-ne-mozhev-da-stanam-od-krevet-04.jpg

Кога Сем отишла на лекар за уште еден рецепт за лекот, ѝ кажале дека симптомите што ги чувствува се нормални.

„Но, мене ми стануваше полошо. Заморот стана полош. Не можев да ја кренам главата од перница.

Знаев дека вежбањето е клучно за слабеење, но не можев да станам. Се чувствував ужасно секој ден“.

По три месеци, Сем ослабела околу три килограми, но докторката ѝ рекла дека е поради честото повраќање и дехидратацијата.

„Ми дадоа апчиња против гадење, но не ми помогнаа. Никогаш не сум се чувствувала полошо.

Бев фрустрирана бидејќи читав за сите овие луѓе кои успешно слабееле, а јас не ослабев.

Телото ми беше исто и само изгледав преморено, имав темни кругови под очите и се тресев“.

koristev-ozempik-za-slabeenje-se-chuvstvuvav-uzhasno-ne-mozhev-da-stanam-od-krevet-02.jpg

По трите месеци, Сем решила да престане да го зема лекот. Вели дека дел од симптомите се повлекле, но дека и денес, повеќе од една година подоцна, чувствува последици, како вртоглавица.

„Ова искуство ме натера да сфатам дека не постои волшебно стапче за слабеење“.

По лошото искуство, Сем вели дека престанала да следи луди диети и на крај успеала да ја регулира тежината со поздрава исхрана.

Погледнете и: Зошто никако не треба да го користите Оземпик за слабеење - лекот за дијабетес што е хит кај холивудските ѕвезди?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg