Нови песни на Тоше
- Детали
- петок, 24 јули 2009
Иако почина пред речиси 2 години, Тоше Проески и понатаму продолжува да им помага на најзагрозените лица и на оние на кои најмногу ...
...им е потребна помош. Во негова чест во Скопје на 5ти октомври ќе биде организирам хуманитарен концерт, на кој за прв пат ќе се слушнат негови 2 сеуште необјавени песни.
Станува збор за песната насловена како "Крушево" и другата - "Сеуште сонувам да сме заедно".
По смртта на Тоше, неговите родители Никола и Доменика ја отворија фондацијата која помага на болни лица. Тие го предадоа тродимензионалниот кардиоваскуларен ехо апарат во болницата во Крушево, кој е вреден 25.000 евра.
До сега тие помогнаа и на луѓето на кои им требаа пари за операција вредна 10.000 евра.
Тоше засекогаш!